понеделник, 14 октомври 2024
Средба Ковачевски-Рубин

Македонија и САД остануваат партнери во активната одбрана од дезинформации

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, присуствувале и американската амбасадорка Анџела П. Агелер, првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

Во фокусот на средбата било зацврстувањето на поддршката за иницијативите во борбата против дезинформациите и како двете страни можат да соработуваат за колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор на Западен Балкан. Акцентирана била и потребата од вмрежување на сите партнери и засегнати страни како на национално, така и на регионално ниво. 

„Владата застанува одлучно во спротивставувањето на дезинформациите и постојано воспоставува партнерства во оваа глобална битка, со стратешките партнери, со независните сервиси за проверка на факти, со домашните институции, со медиумските организации и со медиумите. Само со заеднички и сеопфатен пристап на сите чинители во општеството ќе успееме да се справивме со штетните дејствија на дезинформациите“, нагласил премиерот Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ