среда, 19 март 2025

Македонија и официјално стана дел од СЕПА, сега полесно и побрзо ќе се плаќа во евра

Министерството за европски прашања (МЕП) денеска ја поздрави одлуката на Европскиот платен совет (ЕПC) за проширување на географскиот опсег на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), со што Македонија вчера стана дел од оваа европска финансиска зона.

Објавено на

часот

Сподели

Членството во СЕПА, се наведува во соопштението од Министерството за европски прашања, значи полесни, побрзи и поевтини трансакции за граѓаните и компаниите. Дознаките од ЕУ ќе пристигнуваат побрзо и со пониски трошоци, а бизнисите ќе имаат поедноставени плаќања во Европа. Исто така, членството ќе ја зајакне меѓународната доверба во финансискиот сектор на Македонија и ќе ги продлабочи трговските односи со Европската економска област.

„Според календарот на EПC, нашите финансиски институции ќе започнат со пристапување кон СЕПА во април 2025 година, а оперативната подготвеност на давателите на платежни услуги е предвидена за 5 октомври 2025 година. Со ова значајно достигнување, Северна Македонија станува дел од единствениот европски пазар на плаќања, што претставува уште еден конкретен чекор на Владата кон европската економска интеграција и подобрување на финансиските услуги за граѓаните и компаниите. Пристапувањето во СЕПА е конкретна придобивка од Планот за раст земјите од Западен Балкан во контекст на забрзаната интеграција“, соопштија од Министерството за европски прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ