Македонските ракометарки одиграа променлив натпревар. Почетокот им припадна на Украинките кои почнаа со 3-0, имаа и 9-2, а и 13-5. Потоа почнавме да играме и да ја топиме негативата на противникот. На паузата гостинките водеа со 14-8.
Во второто полувреме се претставивме во поинаква слика, направивме одлична серија и успеавме да го израмниме резултатот на 16-16. До крајот се играше изедначено, но пресудни беа нашите грешки кои ги користеа Украинките и даваа голови од контри.
Ристовска беше најефикасната Македонка, со осум гола, иако го заврши мечот во 56. минута, со црвен картон поради пенал изведен директно во главата на противничкиот голман. Три постигна Моника Јанеска, а шест одбрани имаше Мицевска.
Реваншот се игра на неутрален терен во Унгарија, во вторник од 17 часот.