петок, 21 март 2025

МАЕИ ќе биде дел од изборната коалиција предводена од Сали Бериша

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори ќе настапи како дел од коалицијата предводена од опозициската Демократска партија (ДП) на поранешниот албански премиер и екс претседател на државата, Сали Бериша.

Објавено на

часот

Сподели

Според објавата на ДП, во изборната коалиција се 26 политички партии, меѓу кои и Партијата на слободата на Илир Мета, Републиканската партија на Фатмир Медиу, Партијата за заштита на човековите права на грчкото малцинство, чиј лидер е Вангел Дуле, како и Партијата за правда, интеграција и единство, партија на Чамите, на Шпетим Идризи.

При потпишувањето на коалицијата договорено е на изборите да настапат под името Алијанса за величествена Албанија, а каде и колку ќе имаат свои кандидати на кандидатските листи со загарантирани места и отворените листи, во 12-те Изборни единици ќе биде соопштено дополнително.

Парламентарните избори, 11-ти по ред, од падот на комунистичкиот систем, ќе се одржат на 11 мај, на кои за првпат ќе гласа и албанската дијаспора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ