среда, 4 декември 2024

Луфтханза ги откажа летовите до Тел Авив до крајот на годинава

Авиокомпанијата Луфтханза, која ги поседува Еуровингс, Свис, Браселс и Аустриан ерлајнс, го продолжи периодот на откажување на летовите до Тел Авив до 31 декември поради настаните на Блискиот Исток, јавува Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на групацијата Луфтханза се наведува дека планот за летови е воспоставен поради последните настани на Блискиот Исток.

Како што е наведено, летовите за Тел Авив се суспендирани до 31 декември.

Групацијата Луфтханза претходно објави дека летовите до Техеран, главниот град на Иран, се откажани до 31 јануари 2025 година, а до Бејрут, главниот град на Либан, до 28 февруари 2025 година.

Поради зголемената загриженост за безбедноста по израелските напади, Луфтханза неколку пати го продолжуваше откажувањето на летовите кон Блискиот Исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ