среда, 11 декември 2024
Премиерлига

Луд меч на Енфилд, Ливерпул со два гола во две минути во финишот стигна до триумф над Фулам! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Мечот со седум погодоци помеѓу Ливерпул и Фулам заврши со радост на домаќините, кои беа на прагот на пораз, но стигнаа до победа во самиот финиш со два гола во две минути.

Александер Арнолд го отвори резултатот во 20. минута, но Вилсон брзо изедначи на 1-1.

„Црвените“ се вратија во водство кога Мекалистер атрактивно погоди од далечина за 2-1 во 38. минута, но длабоко во судиското надополнување на првиот дел, Тете донесе 2-2 и ново изедначување.

За следниот гол се чекаше долго, Де Кордова Рид во 80. минута го натскока својот чувар и со глава донесе предност за Фулам од 2-3.

И кoга се чинеше дека на Енфилд ќе се случи изненадување, Ендо во 87. минута биеше прецизно од врвот на шеснаесетникот за 3-3, за веќе во следната минута Александер Арнолд по втор пат да ја затресе мрежата за 4-3 и огромно славје.

Интересено беше и на Стемфорд Бриџ, каде Челси со играч помалку успеа да го совлада Брајтон со 3-2.

Енцо Фернанедз и Колвил погодија во период од пет минути за водство на „сините“ од 2-0, но пред крајот на првиот дел Буонаноте намали на 2-1, а Галагер заработи втор жолт картон и исклучување.

Димаќините и со играч помалку поведоа со 3-1 со голот на Фернандез од пенал, и потоа успешно се одбранија. Жоао Педро намали на 3-2 во 92. минута, за длабоко во судиското надоплнување да се случи драма, гостите бараа пенал, се прегледуваше и со ВАР, но не беше досудена најстрога казна и на семафорот остана резултатот 3-2.

Астон Вила во финишот се избори за 2-2 на гостувањето кај Борнмут, а без победник заврши и натпреварот помеѓу Вест Хем и Кристал Палас, таму беше 1-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ