вторник, 15 октомври 2024

Лотарија ја демантира ВМРО-ДПМНЕ: Нема уплата на 12 милиони евра за апарати за игри на среќа

Државна лотарија ги демантира наводите на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изнесени на денешната прес-конференција во партијата на која тој рече дека само во јануари годинава Лотарија потрошила 12 милиони евра за купување на апарати за коцкање. Нема уплата на 12 милиони евра, се вели во демантот кон портпаролот.

Објавено на

часот

Сподели

„Државната лотарија ја информира пошироката јавност и играчите на игрите на среќа дека НЕ Е ИЗВРШЕНА УПЛАТА во износ од 12 милиони евра за набавка на нови апарати за игри на среќа, како што тврдат од политичката партија ВМРО ДПМНЕ преку нејзиниот портпарол Наум Стоилковски.

Државна Лотарија има рамковен договор за оваа намена, но снабдувањето не е завршено и истото би се реализирало согласно динамиката и потребите на пазарот.

Оваа манипулација со неточна информација на партијата ВМРО ДПМНЕ ја побиваме како невистинита и ја карактеризираме како дезинформација за јавноста и истата има цел да наштети на имиџот на Државна лотарија и управата на институцијата.

Државната лотарија – после серија напади докажа пред надлежните институции и јавноста дека сите набавки се прават согласно законските прописи кои се во сила.

Државна лотарија ќе продолжи и во иднина да работи врз основа на важечките закони, а нема да дозволи дезинформаторите да го нарушат авторитетот на ниту еден од вработените во Државната лотарија на Северна Македонија“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ