Шумскиот пожар меѓу селата Барово и Бесвица во општина Демир Капија и селото Вешје во општина Неготино е локализиран, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
На терен сѐ уште се осум пожарникари со три возила од Територијалната противпожарна единица од Неготино и четворица вработени од Подрачната единица на јавното претпријатие „Национални шуми“.
Пожарот избувна вчера попладне околу 16 часот. Опожарена е нискостеблеста деградирана шума и дел од борова шума.