Тој изрази голема благодарност до храбрите пилоти како и до пожарникарите од ТППЕ Свети Николе и ТППЕ Велес како и Доброволното ПП друштво од Свети Николе и Национални Шуми, кои остануваат на терен за догаснување на остатоците од пожар.
Попладнево изби голем пожар во борова шума кај месноста Кишински рид во Општина Лозово. Поради тешко пристапниот терен и опасноста од голема штета по оваа зимзелена шума кон пожарот се упатија трите ер-трактори на ДЗС и два хеликоптери на МВР.