Награда е креирана како светско признание за тимот за артистите, за професионалците со различни нивоа на комерцијален успех, но кои секогаш демонстрираат посветеност, стратегија и вредност за музичарите.
Наградата во име на Логин Кочишки ја подигна Иван Миливојев (YOUROPE, основач на Exit Festival) кој изрази огромна благодарност до IMMF и Jake Beaumont-Nesbitt за оваа чест.
Убавата вест од Ријад пристигна утрово, кога тукушто се означи крај на Таксират фестивал 2024, па радоста надоврзана на неверојатната енергија од синоќа сега е двојно поголема за целиот тим во Пасворд продакшн (Password Production).