Министерот нагласи дека изградбата на Универзалната сала не е прекината.
„Реално е проблематично да ставам потпис на кој било документ бидејќи во оваа фаза мене ми изгледа како нелегален објект и како ние да работиме нешто нелегално. Затоа го ставив во мирување целиот овој процес, се разбира првата фаза си тече постапката, се гради. Но, во делот на втората фаза запрена е постапката, ќе ја ревидираме постапката, ќе ја повториме, за биде законски“, изјави Љутков.
Тој порача дека Универзална сала ќе до крајот на 2028 година биде здрав и современ објект кога Скопје ќе биде Европска престолнина на културата.