среда, 11 декември 2024

Ливерпул со три бода се враќа од гостувањето кај Жирона, немаше голови во Загреб

Новото коло од Лигата на шампионите почна неефикасно, само еден гол на првите два натпревари, Ливерпул со 1-0 славеше на гостувањето кај Жирона, Динамо Загреб и Селтик одиграа 0-0.

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул го продолжи перфектниот од во Лигата на шампионите откако ги освои трите бода и од гостувањето кај Жирона.

Миовски поради повреда не настапи на овој натпревар, а Македонецот подолго време ќе биде во аут, веројатно околу шест месеци.

И покрај тоа што имаше само еден гол, мечот изобилуваше со офанзивна игра и шанси и на двете страни.

По 15 минути игра во второто полувреме Ван де Бек направи пенал, кој судијата не го виде, но со помош на ВАР беше досудена најстрога казна. Ја реализираше Салах за водство на Ливерпул од 1-0, што беше и конечен резултат.

На Максимир во Загреб, Динамо и Селтик одиграа нерешено 0-0.

Стефан Ристовски беше стартер и го одигра целиот натпревар. Адеми поради повреда не играше.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ