четврток, 27 февруари 2025

Ливерпул со крупни чекори оди кон титулата во Премиерлигата (ВИДЕО)

Ливерпул мина уште една незгодна пречка во Премиерлигата откако на Енфилд со 2-0 го совалда тимот на Њукасл.

Објавено на

часот

Сподели

Главната ѕвезда на гостинскиот тим, Александер Исак се повреди на загревањето, па воопшто не беше дел од овој дуел. Тоа беше воведен пех за Њукасл.

Ливерпул поведе со гол на Собослаи уште во 11. минута од натпреварот, тоа беше и резултатот од првиот дел.

Во 63. минута по асистенција од Салах, Мекалистер зголеми на 2-0. До крајот на мечот немаше други погодоци.

Ливерпул по денешните натпревари дополнително ја зголеми разликата на врвот со оглед на тоа што Арсенал одигра реми кај Нотингем форест.

Црвените сега имаат дури 13 бодови предност пред топчиите кои имаат натпревар помалку.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ