Ливерпул и Фулам одиграа возбудливо реми на „Енфилд“, избраниците на Слот се изборија за бод и покрај тоа што најголемиот дел од натпреварот го играа со играч помалку.
Натпреварот почна одлично за гостите, Переира погоди за 0-1 во 11. минута, а Eнди Робертсон во 17. минута беше исклучен.
Но „црвените“ не се предадоа, изедначија преку Гакпо на стартот од второто полувреме, и имаа и шанси за да го свртат резултатот во своја корист. Но откако тоа не се случи, Фулам преку Родриго поведе со 1-2.
Сепак, Диего Жота во 86. минута се погрижи Ливерпул да изедначи на 2-2 и да освои бод.
Арсенал не го искористи киксот на Ливерпул откако дома одигра само 0-0 против Евертон, „топчиите“ го имаа поседот на топката, креираа неколку убави прилики, но не успеаја да ја затресат мрежата.
Њукасл со убедливи 4-0 го совлада Лестер, додека пак Ипсвич во финишот стигна до важна победа од 1-2 на гостувањето кај Вулверхемптон.