Димитриевски потпиша за Валенсија, но Мамардашвили уште е таму, доколку Грузиецот остане, македонскиот голман ќе треба да биде резерва или ќе треба да замине уште летово.
Сепак, целата ситуација во која се најде Димитриевски може да ја спаси Ливерпул. Валенсија сака да го продаде Мамардашвили за сума над 30 милиони евра и тоа наводно е прифатливо за „црвените“.
Доколку Ливерпул го купи Мамардашвили, планира веднаш да го прати на позајмица. Има неколку заинтересирани клуба кои сакаат да го позајмат, а еден од нив Борнмут кој веќе е информиран за таквата опција.