недела, 13 октомври 2024

Лишени од слобода 12 лица за напад врз полициски службеник и е поднесена кривична пријава против нив

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на МВР се вели:

Денеска полициски слуужбеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.С. (43), Д.Ј. (33), П.С. (40), И.Г. (26), И.В. (41), Т.С. (37), Р.С. (52), А.С. (43), В.К. (39), Т.В. (21), Ж.М. (33) и уште едно малолетно лице, сите од село Баница, струмичко и М.Ѓ. (23) од село Градско Балдовци, струмичко. Тие се сомничат дека синоќа во 23 часот во село Баница, струмичко, насилнно запреле цивилно полициско возило марка шкода, управувано од полициски сужбеник од СВР Струмица кој во моментот извршувал службени задачи, по што најнапред со дрвени, бетонски и метални предмети удирале по возилото, а потоа физички го нападнале полицискиот службеник со повеќе предмети. Полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Лицата биле задржани во полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Против нив е поднесена кривична пријава поради постоење на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 став 3 од Кривичниот закон и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ