среда, 9 октомври 2024

Познат идентитетот на загинатите гостиварци, косовскиот камионџија лишен од слобода

Возачот на камионот марка сканија, кој е косовски државјанин, а кој вчера учествувал во сообраќајната нереќа кај Гостивар во која загинаа двајца гостиварци кои се наоѓаа во возило марка БМВ, е лишен од слобода, информираат од СВР Тетово. Загинатите се познати гостиварци.

Фото: Гостиварисот.мк

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 21.55 часот полициски службеници од Гостивар го лишиле од слобода косовецот А.Т.(60), во врска со сообраќајната незгода што се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево на излезот од Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и во текот на денешниот ден по претходна брза постапка ќе биде изведен пред надлежен суд“, соопшти СВР Тетово.

Порталот Гостиварисот.мк го објави идентитетот на загинатите гостиварци. Станува збор за Тургај Ризванче и Бекир Хоп. Возачот БМВ-то, Хоп, починал на лице место, додека Ризванче починал во гостиварската болница. Жртвите биле семејни пријатели. Хоп е сопственик на часовничарски сервис, додека Тургај Ризванче е сопственик на аптеките „Ризванче“.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ