вторник, 16 април 2024

Лина Ѓорческа ќе настапи во квалификациите на Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа новата календарска година ќе ја почне со настап во квалификациите за првиот грен слем турнир, Австралија опен.
 

Објавено на

часот

Сподели

За Ѓорческа ова ќе биде втор настап во квалификациите на грен слем турнирот кој се одржува во Мелбурн. Првпат настапи во 2017 година кога беше на чекор до пласман на главниот турнир. Тогаш загуби во третото квалификациско коло од првата носителка во квалификациите Стефани Вегел од Швајцарија со 2-1 во сетови.

Ова за Ѓорческа ќе биде седми настап во квалификации за грен слем турнир. Досега има три на УС Опен и по еден на Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон.

Квалификациите за Австралија опен почнуваат на 8. јануари, а главниот турнир стартува на 14. јануари.

Македонската тенисерка веднаш по Нова година ќе отпатува во Австралија.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ