среда, 4 декември 2024

Лидија Георгиевска избрана за претседателка на Вишиот управен суд

Судскиот совет на денешната 504-та седница за претседател на Вишиот управен суд ја избра судијката Лидија Георгиевска. За претседател на Основен суд Велес советот ја избра судијката Валентина Георгиевска, додека за претседател на Основен суд Струга е избран судијата Вулнет Винца. 

Објавено на

часот

Сподели

Судскиот совет со 13 гласа „за“ и пет гласа од припадниците на заедниците едногласно донесе одлука за претседател на Виш управен суд да биде избрана Лидија Георгиевска.

Претседателката на Комисијата за избор на претседател на ОС Велес, Весна Дамева, рече дека на огласот имало пријавено тројца судии – Валентина Георгиевска, Валентина Петровска и Билјана Јанчева, сите судии од ОС Велес. Во текот на постапката, судијката Јанчева се повлекла, по што е изработена предлог-листа.

„Прва е Валентина Георгиевска од ОС Велес со 15 години и шест месеци судиски стаж со 200 бода. Втора е Валентина Петровска со 27 години и четири месеци стаж со 187 бода, изјави Дамева.

Судскиот совет со 13 гласа „за“ едногласно ја избра Валентина Георгиевска за претседател на ОС Велес.

Претседателот на Комисијата за избор на претседател на ОС Струга, Миљазим Мустафа рече дека имало само еден кандидат – судијата Вулнет Винца, сегашен в.д. претседател на судот.

Судскиот совет со 13 гласа „за“ и пет гласа од припадниците на заедниците едногласно донесе одлука за претседател на ОС Струга е избран Вулнет Винца, од ОС Охрид.

Членовите на советот, согласно препораките за транспарентност од Оценската мисија, по гласањето го објаснија својот избор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ