На барање на преставниците на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХИР, г-ѓа Марион Џоуанет и г-дин Филипо Ристолдо, во Корча имавме срдечна средба, каде разговаравме за учеството на партија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на претстојните локални избори во Албанија кои ќе се одржат на 14 мај како и за предизвиците и проблемите со кои се соочува македонската заедница во Албанија, напиша Стерјовски на Фејсбук.
Во тој контекст, како што изјави Стерјовски за МИА, и за притисокот насочен кон единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, која е единствениот глас на Македонците и се бори за заштита на македонскиот идентитет, култура, јазик и традиции во Република Албанија.
„Исто така, претставниците на ОБСЕ/ОДИХР ги запознав со саботажата што ѝ се направи на МАЕИ во Општина Пустец кога локални структури кои работат за Бугарија во координација со структури од Република Македонија се обидоа да ја спречат регистрацијата на советничката листа на МАЕИ во Општина Пустец, во единствената општина населена со 100 отсто македонско население. Благодарение на Централната изборна комисија (ЦИК) која ја прифати нашата жалба и нашите аргументи, успеавме да се регистрираме за учество на локалните избори во општина Пустец“, посочи Стерјовски.
На срдечната средба, како што ја оцени на Фејсбук, разменети се мислења и околу подобрување на Изборниот законик и олеснување на условите за учество и финансирање на партиите на малцинствата на парламентарните и локалните избори во Албанија.