четврток, 27 февруари 2025

Лидерот на Курдската работничка партија повика на крај на конфликтот со Турција и положување на оружјето

Затворениот курдски лидер Абдула Очалан ја повика својата Курдска работничка партија (ПКК) да го положи оружјето, потег кој би можел да значи крај на 40-годишниот конфликт со Анкара и да има далекусежни политички и безбедносни последици во регионот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Делегација на турската прокурдска партија ДЕМ го посети денес Очалан во затвор и подоцна ја објави неговата изјава во Истанбул. „Повикувам на положување на оружјето и преземам историска одговорност за овој повик“, вели Очалан во писмото кое го објавија членови на партијата ДЕМ. Очалан сака неговата партија да одржи конгрес и формално да се согласи на самораспуштање, ги цитираат неговите зборови.

Турција и нејзините западни сојузници ја сметаат ПКК за терористичка организација. Повеќе од 40.000 луѓе се убиени откако ПКК ја почна својата борба во 1984, против турското угнетување и за создавање етничка татковина за Курдите. Од тогаш се оддалечи од своите сепаратистички цели и наместо тоа бара повеќе автономија во југоисточна Турција и поголеми права за Турците.

Повикот на Очалан би можел да влијае на главниот регион за извоз на нафта во северен Ирак, каде е упориштето на ПКК и на соседна Сирија која ја заврши 13-годишната граѓанска војна во декември. Мировните преговори меѓу Анкара и ПКК пропаднаа пред десет години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ