петок, 29 ноември 2024

Лидерот на Хутите повика на ескалација против Израел

Лидерот на јеменските Хути повика на ескалација против Израел од Јемен и Ирак, откако вчера стапи на сила договорот за прекин на огнот меѓу нивните сојузници Хезболах и Израел.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Телевизијата Ал Масира ја пренесе следнава изјава на Абдел-Малек ал-Хути: „На ниво на оската на отпорот, важно е да се надоградува на она што го постигна либанскиот фронт и понатаму да ескалира, особено на ирачкиот и јеменскиот фронт“.

„Ирачкиот фронт е силен и важен. Има способности кои му помагаат да биде поефективен, со Божја помош, во справувањето со израелскиот непријател“, додаде лидерот на Хутите. Од почетокот на војната во Газа пред една година, Израел е честа мета на проиранските сојузници, таканаречената Оска на отпорот.

Заедно со либанскиот Хезболах и Хамас во Појасот Газа, сојузниците ги вклучуваат и милициите во Ирак и јеменските Хути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ