вторник, 8 октомври 2024

Лидерот на Хезболах најави одговор на Израел: Би можеле да ве вратиме во камена доба

Објавено на

часот

Сподели

„Денес би се вратиле во камена доба ако се впуштите во војна против Либан“, се закани Насралах во синоќешното телевизиско обраќање.

Министерот за одбрана на Израел Јоав Галант минатата недела, за време на посетата на границата со Либан, се закани дека Израел ќе го врати Либан во камена доба ако Хезболах продолжи да провоцира.

Насралах оцени дека би требале „само неколку високо прецизни ракети“ за да се уништат листа мети, вклучувајќи, како што кажа, „цивилни и воени аеродроми, воздухопловни бази, централи, центри за комуникации и (нуклеарната) централа Димона)“.

Тој предупреди, во случај на ширење на конфликтите на „фронтот на отпорот“, односно другите позиции, особено палестинските, кои ги поддржува Иран и кои се израелски непријатели, „ништо не би останало од таканаречениот Израел“.

Лидерот на шиитски Хезболах зборуваше по повод 17-годишнината од крајот на последната војна против Израел од 2006 година.

Во војната загинаа повеќе од 1.200 луѓе на либанска страна, главно цивили, и 160 на израелска, главно војници.

Хезболах е единствената организација која го задржа своето оружје од крајот на граѓанската војна во Либан, водена од 1975 до 1990, во име на „отпорот“ против Израел.

Упориштето на Хезболах, погранична област со Израел на југот на Либан, е поприште на повремени инциденти меѓу двете земји кои се формално во војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ