петок, 8 ноември 2024

Либански министер: Лидерот на Хезболах беше убиен набргу откако се согласи на привремен прекин на огнот

Високи либански официјални лица соопштија дека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала е убиен набргу откако се согласил на привремен прекин на огнот со Израел. Примирје од 21 ден беше предложено од САД, Франција и другите сојузници.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Тие ни рекоа дека г-дин Нетанјаху се согласил на тоа ние добивме согласност и од Хезболах за тоа и знаете што се случи оттогаш“, изјави либанскиот министер за надворешни работи Абдалах Бу Хабиб за Си-ен-ен.

Како што наведува во интервјуто, Либан се согласил на прекин на огнот, преку преговори за Хезболах, за ова ги информиравме Американците и Французите.

„Хезболах ја потпиша оваа заедничка изјава што беше објавена во која се повикува на 21-дневен прекин на огнот и веднаш откако почна да бара дипломатско решение според резолуцијата на Советот за безбедност“, изјави амбасадорот Рами Мортада за Би-би-си.

„Бевме на вистинскиот пат обидувајќи се да зборуваме за дипломатска алтернатива на сегашниот ќорсокак, но вжештените глави во Израел избраа поинаков пат“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ