Од партијата велат дека распродажбата на ХЕЦ Чебрен и Тиквеш е штетна како продажбата на „Окта“.
„По изградбата, државата ќе располага со 33% од влогот, а 67% му останува на концесионерот. Катастрофалниот договор е склучен на начин како и договорот со Окта со Хеленик петролеум, по принципот ‘отуѓи, па цел живот плаќај’. Со овој штетен договор, грчката компанија ќе располага со двете хидроелектрани и природно богатство, а народот во наредните 60 години, колку што е договорот за концесија, ќе продолжи да ја плаќа струјата на берза.
Ова претставува уште еден ‘бонбона’ бизнис на однародената власт која што ја распродава независноста на Македонија. Основен темел на независноста на една држава е стабилен електро-енергетски систем. Владата на Ковачевски, покрај распродажбата на националните и државните интереси, удри и по темелот на независноста на Македонија, електро-енергетскиот систем.
Јасно е дека оваа партија, која ја спроведе катастрофалната приватизација при транзицијата, нема никаков државотворен капацитет – туку единствено е вазална на странскиот капитал и интереси. Историски докажано е дека секое владеење на СДС е погубно за националните и економските интереси на Републиката и затоа ова квази левичарска партија на следните избори ќе ја доживее својата неминовна пасокизација“, соопшти Левица.