вторник, 5 ноември 2024

Левица: Каде е МНР да реагира на забраната на македонското знаме на Австралија опен?

Македонската заедница во Австралија алармираше дека македонското знаме е забрането за пренос преку камерите на тенискиот турнир Австралија опен, покрај знамињата на Палестина, Израел, Русија, Белорусија и Тајван кои исто така се забранети. Зошто се уште нема реакција од нашето МНР и нашите амбасадори, прашува Левица.

Објавено на

часот

Сподели

„На овој престижен натпревар настапува и нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, па сепак, македонското знаме е цензурирано од страна на организаторот поради непознати причини!

Иако официјално никаде не е забрането нашето знаме на овој турнир, сепак дадени се инструкции на камерманите воопшто да не го прикажуваат.

Зарем не е доста понижувањето што го прави нашата Влада преку продавање на името, сега доживуваме цензура на меѓународно ниво во спортот, што е недозволиво. Бараме итна реакција од надлежните на ваквата цензура“, се вели во реакцијата на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ