среда, 9 октомври 2024

Левица ги прашува Бочварски и Ковачевски во кое својство Ахмети преговара со Косово за изградба на пат

Објавено на

часот

Сподели

Од партијата велат дека и претходно реагирале дека, како што е наведено, Владата ја избра најскапата варијанта, како решение за трасата на долго ветуваниот автопат Тетово-Призрен.

„Косовската страна своевремено излезе со проценка дека нивните трошоци за изградбата може да достигнат 150 милиони евра, но за нештата кај нас да бидат уште поматни, во Македонија властите никогаш не дадоа конкретна бројка за тоа колку ќе чини изградбата.

Наместо Бочварски да се крие од јавноста додека Ахмети држи прес-конференции во улога на министер за транспорт и врски, треба да даде одговор како, зошто, по чија препорака и во чиј интерес е донесена ваквата одлука – особено поради фактот дека Република Македонија е поврзана со Косово преку неколку патни правци, па поради тоа, инвестиции во нов автопат со дискутабилна економска исплатливост се бесмислени“, се вели во реакцијата на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ