вторник, 8 октомври 2024

Левица со амандмани ќе го блокира „пленот“ во Царината за ЗНАМ

Пратеничката група на Левица поднесе над 2.500 амандмани на контроверзниот Закон за царинска управа, со кој се предвидува освен директорот и заменикот, да има дополнителен втор заменик, сѐ со цел да се подели пленот помеѓу сите владејачки партнери, соопшти Левица.

Објавено на

часот

Сподели

„Скандалозно и вон сите етички норми е тоа што мнозинството измислува функции за кадрите на ЗНАМ, со што се нарушува работата на Царинската управа и се удира директно по парите на граѓаните.

Клептоманската коалиција во овие први 100 дена од нивното владеење покажа слух само за зголемувањето на привилегиите на своите функционери. Затоа сега имаме ред нови министерства и позиции кои ќе служат за канализирање на државните пари во партиските кеси’, се вели во соопштението на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ