вторник, 15 октомври 2024

Левица смета дека неистакнувањето на македонското знаме во Бугарија било намерно

Политичката партија Левица смета дека со тоа што претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова се сликала без македонското знаме на средбата со бугарскиот претседател Румен Радев направила потег со којшто оди против македонските интереси.

Објавено на

часот

Сподели

„Сметаме дека намерно е изоставено македонското знаме затоа што тоа е порака која бугарскиот државен врв ни ја праќа и едноставно гледаме дека македонската претседателка и Кабинетот на претседателката уште не можат да се освестат и да сфатат дека треба да ги штитат македонските интереси“, изјави пратеникот на Левица Амар Мециновиќ на прес-конференција во Собранието.

Мециновиќ најави дека како политичка партија ќе достават измени на Законот за домување по скратена постапка со кои предлагаат воведување на максимална граница за изнајмување на станови на три отсто од вредноста на станот. Ова, како што изјави, го предлагаат бидејќи во консултација со претставници на студентите заклучиле дека состојбата со леглата во студентските домови е алармантна и дека за разлика од 2020 година кога имало 4.000 легла, сега има 2.000 легла.

„Со измените во Законот за домување предлагаме воведување на максимална граница на изнајмување на станови на месечно ниво. Законодавецот во овој момент вешто има предвидено минимална граница за изнајување на станови која изнесува една дванаесетина од два посто од станот. Левица предвидува воведување на максимална граница и тоа од три отсто од вредноста на станот“, рече Мециновиќ, додавајќи дека едно од причините зошто го бараат ова е и тоа што студентите оваа академска година се изложени на нови повисоки давачки за студирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ