недела, 6 октомври 2024

Левица: Паралелна академија на науки е сигнал за намерите за федерализација на Македонија

„Зеиќирија Ибрахими, новиот претседател на партијата Алтернатива, којашто е дел од владиното мнозинство, најави дека, сепак, ќе се формира  паралелна Академија на науките и уметностите. Според изјавата на наследникот на Африм Гаши, за почеток,  истата би била финансирана од четири општини: Чаир, Тетово, Гостивар и Желино, а во меѓувреме би работеле на нејзиното озаконување. Иако Ибрахими не гледа ништо спорно во обидите за формирање паралелни институции, факт е дека во ниту една унитарна држава не  постојат две паралелни научни академии, затоа што науката не смее да биде заложник на етнички концепти. Ваквите етношовинистички барања само ја продлабочуваат веќе длабоко наметнатата бинационална држава и дополнително водат кон федерализација“, се вели во реакцијата на Левица.

Објавено на

часот

Сподели

„Секој ден станува сè поочигледно дека коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ немаат ниту желба, ниту концепт, ниту капацитет за подигање на квалитетот на живеење и придвижување на општеството напред и дека единствено работат на реализација на големоалбанските аспирации, по цена на секојдневно газење на Уставот и законите.

Во име на коалицијата, ДПМНЕ наместо да обезбеди враќање на де факто уништената унитарност на Македонија, тие придонесуваат за натамошна дезинтеграција на општеството, спроведена од коалициските партнери, што ги прави соучесници.

Идејата за паралелна албанска академија се случува истовремено кога Бугарија има целосно право преку Историската комисија да го определува текстот во македонските учебници и да  цензурира историски и научни вистини.

Левица ова го оценува како еден од обидите за поткупување на веќе нарушениот унитарен карактер и државен суверенитет!

Најостро ја осудуваме етнотрибалистичката политика која го јаде државниот систем, труејќи ја секоја клетка на општеството со насилна албанизација.

Ги повикуваме сите политички субјекти да се спротивстават на политиката, која неминовно ја претвора државата во бинационална со тенденција за целосна нејзина поделба“, се вели во соопштението на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ