Во статус на социјалните мрежи, претседателот на Левица, Димитар Апасиев потсети дека ова работничко право, беше укинато токму кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, на предлог на тогашниот министер за финансии Трајко Славевски, којшто е денес актуелен претседател на Советот на град Скопје.
„ОК. Чим нејќете да си ги намалите патните трошоци како пратеници, веќе следната недела Левица во собраниска процедура ќе поднесе нов предлог-закон за враќање на патните трошоци на работниците (оние кои своевремено им ги укина вмровецот Трајко Славески, кога беше министер за финансии, како наводна ‘оставштина од комунизмот’)“, напиша Апасиев.
Левица е на став дека доколку можат да се обезбедат патни трошоци за функционерите и пратениците, тогаш можат да се обезбедат и патни трошоци за работниците.