вторник, 15 октомври 2024
Левица со поддршка за најавениот протест во сабота

Личните асистенти на децата со попреченост неколку месеци без плата

Партијата Левица, во свое обраќање до јавноста реагира на односот на Владата спрема децата со попреченост поради задоцнетиот почеток на учебната година, но и за несполнетите обврски околу надоместокот на личните асистенти на лицата со попреченост. Од партијата најавуваат и поддршка на протестот в сабота (5 октомври), доколку до петок не им бидат исплатени заостанатите средства на личните асистенти.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа што Владата ги остави децата со попреченост да ја започнат учебната година без образовни асистенти, изгледа како да не беше доволно. Околу 700 лични асистенти кои опслужуваат 1.400 лица со попреченост, веќе неколку месеци не земале паричен надоместок. Поради ова, доколку заостанатите средства не се исплатат до петок, најавен е протест в сабота“ – се вели во соопштението на Левица.

Во обраќањето до јавноста се наведува дека десничарскиот прагматизам од партиите на олигархијата уште еднаш покажуваат негрижа за луѓето од оваа социјална категорија и оние кои нив ги опслужуваат.

„Платите на директорите на училиштата се зголемуваат драстично, додека за надоместот на работниците кои работат една од најхуманите работи со оваа специфична категорија на деца, дури и не се исплаќаат. Потсетуваме дека поради задоцнети огласи за вработување на образовните асистенти, истите не можеа да ги придружуваат децата со попреченост на почетокот на учебната година. Поради ова, за нив стартот на учебната година беше задоцнет.Левица бара Владата до крајот на неделата да ги исплати задоцнетите средства на образовните асистенти! Политиките на партиско ухлебување мора да бидат прекинати! Ако има за директорите, ќе има и за асистентите! Во спротивно, на површина ќе излезе уште еден параметар по кој актуелната влада успева да биде полоша, дури и од претходната“–велат од Левица и најавуваат дека нивните активисти ќе го поддржат протестот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ