вторник, 15 октомври 2024

Левица: Гаши потроши државни пари водејќи ја сопругата во САД, да реагира ДКСК

Левица поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за претседателот на Собранието, Африм Гаши. Партијата го товари дека тој во својство на службено лице ја злоупотребил својата положба ненаменски и за друго лице трошејќи државни средства така што во периодот од 7 до 10 јули 2024 година кога бил на неколкудневно службено патување во Вашингтон (САД), како дел од парламентарната делегација ја вклучил и својата сопруга.

Објавено на

часот

Сподели

„Со тоа што ја зел во придружба сопругата во Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, со своето самоволие ги прекршил законските и подзаконски одредби за спречување на корупција и судир на интереси и водејќи се од лични, семејни, интереси дрско ја прекршил обврски за наменско трошење на јавните средства и забраната јавните средства да се користат за друго лице.

Јелиз Гаши иако не извршува никаква службена должност и таа во својство на сопруга на претседателот на Собранието, отпатувала и престојувала во Вашингтон (САД) на сметка на Собранието на Република Македонија.

Согласно со чл. 77, ст. 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси Левица бара Гаши да ја надомести висината на трошоците направени за неговата сопруга за време на службеното патување на начин што истите ќе ги уплати на сметката на Државниот буџет и да биде соодветно парично казнет со глоба, како и да се покрене соодветна прекршочна постапка против него за негова одговорност“, се вели во соопштението на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ