среда, 11 декември 2024

„Лет во место“ во Тетово

Драмскотo студио „Адоболс“ од Тетово синоќа премиерно ја изведе претставата „Лет во место“ според драмскиот текст на Горан Стефановски, а во режија на Владимир Јованоски.

Објавено на

часот

Сподели

Сцената во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово беше подготвена на повеќе нивоа, симболизирајќи пекол, чистилиште и рај.

„Исклучително силен и талентиран актерски ансамбл го отслика македонското историско бреме но и жилавоста на нацијата. ‘Лет во место’ од исклучителниот Горан Стефановски е претстава – огледало на македонската историја која одекнува во сегашноста а може да се рефлектира и во иднината. Во играта нема пардон ниту замаглување на историјата. Публиката имаше прилика да види извонредна игра полна со емоции и животна филозофија, како и можност да се пронајде себе си и да си замине емотивно и истоирски побогата“, изјави Владимир Јованоски.

Во понеделник 16 декември, исто така на големата сцена во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово ќе биде изведена и репризата. Улогите ги толкуваат Тања Бучковска, Мартин Билбилоски, Бобан Милосавлески, Владимир Јованоски, Мелиса Ценоска Серафимовска, Зоран Јованоски, Марко Ристоски, Матеј Печеновиќ и Оливер Динговски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ