недела, 13 октомври 2024

Лебот не треба да поскапи, велат министерот за земјоделство и Стопанската комора

Објавено на

часот

Сподели

„Мелничарите сами потврдија дека нема причини за поскапување на лебот, но ние ќе бидеме во постојан контакт со мелничката индустрија преку потсекторската група каде се и тие членови. Ќе го сториме тоа што е во рамки на нашите можности преку програмите, но тука не станува збор за реална потреба базирана на бројки, зголемени трошоци и оправданост дека треба да се зголеми цената на лебот. Добро е што Комората излезе со ист став како Министерството за финансии и Министерството за земјоделство“, потенцира Николовски по посетата на винаријата Камник. 

Транспарентно кажавме, дополни министерот, дека оваа година беа преполовени цените на пченицата на светските берзи.

„Затоа беше потребно државата да интервенира во делот на надоместот на производните трошоци што ги имаат земјоделците. Мора да се работи со земјоделците за да не се намалува производството, нешто во што успеваме. Оттука и најголемиот дел од Интервентниот фонд годинава го насочивме кон дополнителната поддршка од три денари за откупен килограм пченица“, подвлече Николовски.

Претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ за МИА рече дека се тоа шпекулации и дека промена на цената на лебот нема да има. 

„Моменталната ситуација на цените на светските и регионалните берзи на пченицата, би рекол и покрај сите турбуленции околу војната во Украина, некако се стабилизираа на ниво од 230 до 245 евра тон за меркантилна пченица на најрелевантната Матиф, француска берза и на Чикашката берза од околу 205 до 215 евра по тон. Регионалните цени во моментов се движат во тој опсег помеѓу цените од двете берзи и сите индекси од берзите за цените во декември, март или мај па и по жетвата годинава, се движат во истиот опсег. Сите овие податоци ни даваат за право да веруваме дека цената на брашното, како и индиректно на лебот, посебно индустрискиот, ќе го задржат истото ниво на цени во идниот подолг период. Покрај овие берзански индиции, нашата Групација, во консулатции со своите членки, односно во консултации со најголемите индустриски производители на леб, утврди дека темата за зголемување на цената на лебот се само шпекулации во јавноста поттикнати од страна на зголемувањето на цените на другите основни производи“, истакна Малишиќ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ