„Оваа клима во судството за жал покажува дека темелите на владеење на правото се сѐ уште кревки, и дека никогаш ништо не е постигнато и дека работата и посветеноста на сите чинители е поважна од кога и да е. Затоа, сите овие судски инстанци секој ден играат клучна улога како гарант на владеењето на правото, улога којашто е важна и треба постојано да ја истакнуваме“, рече Ле Риголер.
Тој потсети дека интегритетот, непристрасноста и независноста на судството се клучни, и на самите судии и обвинители им останува да ги бранат тие принципи и да обезбедат дека интегритетот на правосудсните органи ќе биде зачуван.
„Ако го земам францускиот пример – на пример како што е Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, секогаш кога ќе се случи некоја повреда на независноста на правосудството, може да покрене дисциплински постапки против недоследни појави но исто така и да внимава на етиката“, рече францускиот амбасадор.
Тој го поздрави спроведувањето на поголемиот дел од порепораките од септември 2023 од страна на Судскиот совет, охрабрувајќи ги сите засегнати страни да продолжат на тој пат за да уште подобро ја гарантираат независноста на судството и на правосудните органи, што е клучен елемент на едно демократско општество.
„Здруженијата на судии и обвинители можат да дадат дополнителен придонес во Северна Македонија, инстиуцијата како Академијата на судии и обвинители игра суштинска улога преку обуката за да се обзбеди интегритет и непристрасност и на судиите и на обвинителите. Важно е да подвлечеме дека потребни се и други механизми за да се обезбеди таа независност на судиите и обвинителите – финансиски средства, но исто така и соодветна законска рамка“, посочи Ле Риголер.