четврток, 12 декември 2024

Лазаров објасни зошто Митревски и Талески не се во репрезентацијата

Македонската ракометна репрезентација почнува нов циклус на квалификации, играме за пласман на Европското првенство 2026, а во првите два натпревари ќе се сретнеме против Естонија и Литванија.

Објавено на

часот

Сподели

Ракометарите денеска го имаа собирот, а во составот селекторот Лазаров не ги повика Никола Митревски и Филип Талески.

„Ние почнавме процес на подмладување на репрезентацијата и истиот мора да се доврши. Мислам дека се појавуваат нови ракометари, млади и добри кои во своите клубови покажуваат квалитет. Од никого не се откажуваме, туку имаме потреба од играчи. Сепак, радува фактот што имаме можност да бираме. Сите ќе бидат во конкуренција за настап за светското првенство кое се игра во јануари. Што се однесува до Митревски, мислам дека имаме млади и квалитетни голмани кои треба да добијат шанса. Да видиме како ќе се однесуваат кога ќе имаат поголема одговорност и зад нив нема еден голем голман. Талески е квалитетен играч, но во последно време на Европското и Светско првенство мислам дека не покажа доволно квалитет. Затоа се решив во моментов да дадам шанса на други ракометари, како што е Павле Атанасијевиќ. Идејата е да создадеме квалитетна репрезентација, да пробаме да бидеме борбени против најдобрите“, кажа Лазаров.

И покрај тоа што Македонија е сериозен фаворит во престојните натпревари, Лазаров вели дека мора да се биде внимателен.

„Искуството на играч и тренер ми кажува дека секогаш треба да бидеме внимателни. Имаме доста материјали од двете селекции, подготвени сме. Ќе видиме како ќе се однесуваат нашите ривали. Мислам дека ќе биде многу потешко против Литванија“, вели македонскиот селектор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ