сабота, 9 ноември 2024

Лазаров: Ако некој речеше Хрватска да се штеди против Франција, ќе беше прогласен за државен непријател

Македонскиот селектор, Кире Лазаров за хрватскиот портал „Индекс“ го прокоментира досегашниот настап на „коцкестите“ на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Хрватска го почна првенството со неверојатна партија против Шпанија, но потоа следуваше пад, а особено болен е поразот од Унгарија.

„Мислам дека Хрватска премногу се потроши со Франција. Не е лесно да се игра турнирски систем, особено на европските првенства. Зошто ги апострофирам Французите? Вам, Хрватите, тој натпревар ви значи многу, сите знаеме зошто и колку долго трае тој ривалитет. Ако некој во стручниот штаб воопшто предложеше со Фрнција да се игра попаметно, помудро, можеби да се штедат силите и фокусот да се стави на Унгарија, веројатно истиот момент во Хрватска би бил прогласен за државен непријател“, вели Лазаров.

„Против Унгарија веќе во првото полувреме се забележа дека на играчите им е тешко, дека лошо се движат на теренот. Како и против Франција, многу лошо игравте со ракометар повеќе. Ако тоа се играше подобро, поорганизирано и со повеќе одговорност, мислам дека Хрватска ќе победеше на двата натпревара. Но, лесно е сега да се паметува, најтешко им е на играчите и на стручниот штаб, а на Перковац нема да му биде лесно да ја мотивира екипата за последните два натпревара“, додаде македонскиот селектор.

Со поразот од Унгарија, Хрватска ги загуби шансите за пласман во полуфинале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ