Откако Стојанче Стоилов стави крај на играчката кариера, Милан Лазаревски почна да блеска, одличен беше и на мечот против Франција, но најдоброто од него допрва се очекува.
Лазаревски вели дека важно за неговиот напредок во кариерата е менторството од Стоилов кое го има во Вардар.
„Неспоредливо е кога играте на домашна сцена и на вакво големо натпреварување како што е Европското првенство. Конкуренцијата и противниците се на друго ниво, но сметам дека подготовката која ми е на клупски план е квалитетна. Во Вардар имам фантастичен стручен штаб и ментор како Столе Стоилов, кој ме спреми добро да да се носам со најдобрите Мислам дека ја искористив шансата која ми беше дадена и дека ќе бидам уште подобар во следните натпревари“, изјави Лазаревски пред денешниот тренинг.
Од Берлин за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски