вторник, 5 ноември 2024

Лазаревски: Единството во репрезентацијата е нашиот најголем адут на ЕП

Ракометарот на Вардар, Милан Лазаревски е дебитант за Македонија на првенствата, но и еден од ракометарите кои можат да направат разлика.

Објавено на

часот

Сподели

Иако е еден од дебитантите, Милан Лазаревски со игрите во Вардар и на пријателските мечеви на Македонија, покажа дека може да биде еден од главните играчи на нашата репрезентација.

Тој вели дека не чувствува никаков притисок, ветува дека ќе го даде максимумот и со нетрпение чека да почне првенството.

„Да бидам искрен, не чувствувам притисок бидејќи ги земам предвид трудот и времето кои сум ги посветил на ова што го правам. Не би дозволил со ништо тоа да го компромитирам, едноставно сакам да го дадам максимумот. Сè што имам научено да го прикажам на теренот. Со нетрпение очекувам да почне првенството. Мислам дека нашето единство во оваа ситуација би помогнало, без разлика на тоа што оваа екипа има многу дебитанти, меѓу кои сум и јас еден од нив“, вели Лазаревски.

„Да ги реализираме целите кои ги имаме, тактиката која ја имаме разработено и грешките да ги намалиме на минимум. Доколку го испочитуваме тоа што ни е дадено како инструкција, тоа ќе биде успех. Треба да покажеме квалитет и борбеност, а што и да се случи ќе биде за добивање на искуство и кревање на нивото – индивидуално и колективно“.

Македонија утре со почеток од 18 часот против Франција го почнува Европското првенство.

Од Диселдорф за МКД.мк
Ристе Ѓорѓиевски

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ