„Нашата спремност за преговори не требаше кај никого да предизвика сомнеж, иако, нормално, по авантурата во Курската област, какви било разговори по ова прашање стануваат небитни“, им кажа Лавров на новинарите.
Лавров потсети дека рускиот претседател Владимир Путин во јуни понуди уште една мировна иницијатива, откако „сите претходни иницијативи и договори ги уништија и саботираа киевскиот режим и нивните западни спонзори“.
Путин на 14 јуни, обраќајќи им се на руските дипломати изнесе нов предлог до Киев и Западот за решавање на украинската криза, кој украинскиот претседател Володимир Зеленски веднаш го отфрли истакнувајќи дека претставува уште еден ултиматум.