„Се разгледува можноста на украинската војска да ѝ се дозволи користење западни ракети со долг дострел длабоко во Русија. Таквата игра со оган може да има сериозни последици. Како што кажа претседателот (на Русија Владимир) Путин, ќе носиме соодветни одлуки тргнувајќи од нашата перцепција на тие закани од Западот. Заклучоците извлечете ги самите“, изјави Лавров.
Според него, „непријателот во моментов нема планови поврзани со воспоставување мир“.
„(Украинскиот претседател) Володимир Зеленски не го поништи својот указ со кој се забрануваат преговори со Москва. Вашингтон и неговите НАТО сојузници му пружаат на Киев политичка, финансиска и воена поддршка за продолжување на конфликтот“, потсети тој.
Според него, Русија ќе продолжи со специјалната воена операција додека не ги елиминира заканите кои доаѓаат од Украина.
Тој потсети на предлогот за регулирање на ситуацијата која претседателот Путин ја изнесе кон средината на јули. Киев на тоа реагираше со упад во руската Курска област на 6 август, истакна Лавров.
„Покровителите на Киев, САД и други земји од НАТО сакаат да ѝ нанесат на Русија „стратегиски пораз“. Во такви услови не ни останува ништо друго освен да продолжиме со специјалната воена операција додека не се елиминираат заканите кои доаѓаат од Украина“, кажа првиот руски дипломат.