„Алијансата во своите документи како наводна закана за својата безбедност ги дефинираше Јужноазискиот регион, Тајванскиот мореуз и истокот на нашиот континент“, кажа Лавров.
Зборувајќи за конфликтот во Украина, Лавров оцени дека режимот во Киев „го интересира само територијата, но не и судбината на луѓето кои живееле на Крим во тогашна источна Украина, а чии предци се Руси“.
„Во Украина масовно се усвојуваа закони со кои се забранува употребата на рускиот јазик, а сега е забранета и канонската Украинска православна црква“, кажа Лавров.
Западот мижи на злосторствата на Киев и продолжува да ја промовира „формирала за мир“ на (украинскиот претседател) Володимир Зеленски која всушност е само ултиматум, додека неговиот „план за победа“ и фантазиите за членство на Украина под контрола на Киев, дали во НАТО или во ЕУ, не ја приближуваат Европа кон мир, оцени шефот на руската дипломатија.
Тој порача дека формирањето мултиполарен свет е во тек, се менува балансот и се појавуваат нови центри на економски раст и влијание.
„Во меѓународниот односи не би смеела да постои нечија хегемонија, неопходно е почитување на принципите на Повелбата на ОН. Неопходно е почитување на сите принципи, а еден од клучните е суверена еднаквост на државите и токму тој е правна основа на мултиполарноста“, заклучи Лавров.