„Изгледа дека Павел Дуров премногу споро, а можеби и воопшто не ги слушал советите од Западот“, оцени Лавров во разговор со студентите на Московскиот државен институт за меѓународни односи.
Притворањето и притисокот не се однесуваат само на него, и основачот на Мета Марк Закерберг беше повикан во Сенатот и се согласи да соработува, како што и самиот призна, потсети рускиот министер за надворешни работи.
Според него, Западот не игра фино ни во однос на другите големи интернет платформи.
Дуров на 24 август беше приведен на париски аеродром. Шефот на Телеграм беше обвинет за цела низа кривични дела кои, според француските власти, се последица на „недостигот од модерација“. Осомничен е за соучесништво во управувањето со интернет платформата со цел вршење незаконски трансакции на организирани групи, а би можел да добие казна затвор до десет години.
Дуров подоцна беше пуштен со кауција од пет милиони евра, која наскоро ќе мора да ја плати.
Забрането му е да ја напушта територијата на Франција и мора да се јавува во полиција два пати неделно.