Првото полувреме беше без голови, уште тогаш се виде дека на Барселона не ѝ оди, се мачи, иако Рафиња во една акција ја погоди пречката.
Во вториот дел во игра влезе и Ламин Јамал кој се врати од повредата, но тоа не ги промени работите.
По еден контра напад, Рамирез даде гол во 49. минута за водство на Лас Палмас од 1-0.
Предноста на гостите траеше до 61. минута кога Рафиња со удар од далечина го изедначи резултатот на 1-1.
Но, само шест минути подоцна нова контра на Лас Палмас, овојпат Фабио Силва реализираше за ново водство на гостите кое значеше и победа од 2-1.
Барселона има четири бода пред Реал Мадрид, но и два натпревари помалку кои ако ги добијат кралевите може да избијат на чело на табелата.
OTRO DE LAS PALMAS
VAYA GOLAZOOOOOOO
pic.twitter.com/2FxIrVbyET— Danik (@DanikRM_) November 30, 2024