Според Комисијата за бугарско државјанство, лани 1.992 Македонци добиле бугарски документи. Втори на листата се Украинците (1.639), Турците (1. 290), Србите (556), Албанците (517), Молдавците (476) и Русите (356).
Во 2021 и 2020 година, 7.696 и 9.098 Македонци добиле бугарско државјанство.
Според податоците на Комисијата за бугарско државјанство лани вкупно 7.410 лица се стекнале со државјанство врз основа на бугарско потекло, бугарски државјанин како родител или општа натурализација. Бугарското државјанство им било вратено на 2.660 лица.