Кузеска нагласи дека во тој бизнис не е само баџанакот на Мицкоски. Таа објави и документи кои се однесуваат на две фирми.
„На оваа иста адреса, на ул.Антон Попов 57 во Петрич, Бугарија, има уште една фирма, Инфинити транспорт група. Раководител и сопственик е Дончо Карастоев, прв братучед на баџанакот на Мицкоски. Го прашуваме денеска Христијан Мицкоски. Има ли фирми со исти или слични имиња и во Македонија? Дали овие фирми и овие лица се финансиери на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ? Колку милиони евра свретеле и каде завршиле дел од тие пари? Дали кај членови на семејството на Мицкоски или и во ВМРО-ДПМНЕ?“, праша Кузеска.
Таа додаде дека доколку Мицкоски не одговори, СДСМ ќе ги објави сите информации за тоа, како што рече, кој навистина врти милиони.