сабота, 9 ноември 2024

Курти тврди дека српската војска била на 50 метри од линијата со Косово: Побегнале веднаш штом биле забележани (ФОТО)

Косовскиот премиер Аљбин Курти синоќа ја обвини војската на Србија дека е на 50 метри од линијата со Косово, но дека војниците „побегнале“, како што рече, веднаш штом биле забележани.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Србија денеска повторно провоцира со преместување на своите војници на околу 50 метри во близина на граничната линија со Косово, во близина на територијата на општина Каменица“, напиша Курти на Фејсбук, пренесува порталот Косев.

Тој објави неколку фотографии на кои се гледа воено возило, како и неколку лица во воени униформи, ги дал и координатите на локацијата каде што наводно се случило.

Курти оцени дека станува збор за „провокативен потег на војската на Србија со цел поттикнување тензии“, но и дека овие војници биле забележани од косовските безбедносни институции.

„Кога видоа дека ги забележавме, брзо побегнаа и влегоа во внатрешноста на својата територија“, додаде Курти.

Тој ја обвини Србија дека „продолжува да ги подига тензиите преку хибридни акции, со цел дестабилизација на регионот, иако просторот за овие маневри се стеснува од ден на ден“.

„Косово останува цврсто на својот пат кон евроатлантските интеграции, со своите институции алармирани 24/7, ја штитат земјата и обезбедуваат максимално следење на ситуацијата“, изјави Курти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ