недела, 14 декември 2025

Изложба на фотографија на Виктор Трајковски во Куманово

Изложба на уметничка фотографија од авторот Виктор Трајковски ќе биде отворена вечер со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, информираа  од Националната установа. Изложбата е насловена „Street life“.

Објавено на

часот

Сподели

Трајковски повеќе од десет години е посветен на улична фотографија, истражувајќи го човечкото присуство, движењето и светлината во јавните простори. Учествувал на групни изложби организирани од фото-кино клубот „Козјак“ во Куманово и освоил бројни награди на меѓународни и национални фотографски изложби. Неговата главна инспирација е Алекс Веб, особено за неговата употреба на боја, композиција и слоевитост во уличната фотографија. Виктор продолжува да создава со длабока страст за секојдневниот живот и уметноста скриена во него. Активен член на Фото клуб Куманово. Изложбата ќе биде отворена до 24 јули, годинава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ