Како што извести судот на 11 декември годинава судија на претходна постапка може да постапува и да донесе решение за прифаќање на предлог на јавен обвинител, без да биде сослушан осомничениот, само доколку за него е предложена мерка притвор, но не и кога против него се предложени мерки за претпазливост, како во конкретниот случај со Ковачевски и истиот воопшто не е уапсен и спроведен во судот да се произнесе за предлогот како што налагаат одредбите од Законот за кривична постапка.
„Решението на Кривичниот суд ќе биде доставено до странките во постапката“, информираа од Основниот кривичен суд Скопје.